Охрид
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[1] Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид.
Историја
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што иФригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Средновековна историја
Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години наVII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот император Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа.
Во 1202 година Охридскиот краj заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Географија
Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во Охридско-струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.
Охридски маала
Маала во Охрид се: Варош, Канео, Месокастро, Кошишта, Воска, Лабино.
Религија
Во минатото во Охрид имало 365 цркви, и затоа се нарекува „Европскиот Ерусалим“[5]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти - џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско – кичевската епархија на МПЦ.
file:///C:/Users/%C5%9Eeyma%20gedik/Downloads/%C5%9EEYMA%20GED%C4%B0K.pdf